СДСМ: Најостро го осудуваме потегот на Сиљановска и злоупотребата на деца за политички цели во кампања

Од:

Очајна и соочена со слабата поддршка од граѓаните, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска злоупотреби деца за политички цели во изборна кампања, се реагира СДСМ.

“Најостро ја осудуваме оваа дрска злоупотреба на дечињата од страна на очајната Сиљановска и
очекуваме реакција од надлежните институции, вклучително и Државната изборна комисија.

Однесувањето на Сиљановска е спротивно на Изборниот законик но и на ратификуваната Конвенција за правата на детето, норми кои ги штитат  децата од сите форми на злоупотреба во политички цели во кампања.

Скандалот е уште поголем што државата веќе се грижи за дечињата во СОС детското дело.

СОС Детско село е приватна установа којашто згрижува деца без родители и родителска грижа врз основа на Управен договор склучен со државата, а трошокот за секое дете на месечно ниво го покрива надлежниот центар за социјални работи.

За секое дете е обезбедено организирано живеење и предвидени трошоци целосно обезбедени од државата.

Право и правдина немаат ама баш никаква врска со Сиљановска која посегна дури и по злоупотребата на дечиња, згрижени од државата.

Сиљановска најгрубо ги злоупотреби дечињата и ги прекрши нивните детските права.”, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски