ЕУ со план за финансирање истрага за измами во прехранбената индустрија

Од:

Европската унија планира финансирање програма со која ќе се истражат измами во прехранбената индустрија, ќе трае еден месец со можност продолжување на уште два месеца ако биде потребно.

Цел е да се помогне да се врати довербата на потрошувачите по скандалот со коњско месо пронајдено во прехранбени производи декларирани како говедско месо.

Европската унија ќе финансира 75 отсто од трошоците на програмата.

Според планот, ќе се воспостават контроли во главно на ниво на трговци на мало, на храна која содржи говедско за да се утврди евентуално недекларирано коњско месо.

Планот вклучува и тестирање на фенилбутазон, кој за луѓе е потенцијално штетен ветеринарен лек. Се планира тестирање на вкупно 2.250 примероци на говедски производи ширум Европа од десет до 150 по држава-членка.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот