Евростат соопшти дека бруто домашниот производ во Европската унија се зголемил за 0,5 отсто во првиот квартал од 2019 година, во однос на претходниот квартал.
Ако се споредува со истиот квартал минатата година, растот е уште позначаен и достигнува 1,5 отсто.
Растот на ниво на еврозоната е малку послаб, со зголемување од 0,4 отсто во однос на последниот квартал од 2018 година и од 1,2 отсто во споредба со првиот квартал од 2018 година.
Евростат исто така соопшти денеска дека стапката на невработеност во ЕУ за март оваа година е намалена на 6,4 отсто за март месец, во споредба со 6,5 отсто во февруари и седум отсто во март 2018 година.
Најниска стапка на невработеност имаат Чешка, Германија и Холандија, а највисока Грција, Шпанија и Италија.
Во споредба со март минатата година, невработеноста се намалила во сите земји членки освен во Данска, а најзначајно намалување бележат Грција, Естонија и Кипар.