Почина сенаторот Ричард Лугар, борец против нуклеарното оружје и тероризмот

Од:

Поранешниот американски сенатор Ричард Лугар, влијателен експерт за надворешна политика и активист за нераспространување на нуклеарното оружје, почина синоќа на возраст од 87 години.

Според Центарот Лугар, смртта на сенаторот настапила во клиника на Институтот за кардиоваскуларна мадицина во Вирџинија.

Лугар од 1968 до 1975 година беше градоначалник на Индијанаполис, а американски законодавец е во периодот од 1977 до 2013 година.

Тој е познат како коавтор на иницијативата „Лугар-Нун“ (заедно со сенаторот Самјуел Нун), за завршување на Студената војна во рамките на која американски специјалисти во областа на нуклеарната енергија пружаа помош на поранешните земји од Советскиот Сојуз за ликвидирање на нивното атомско и хемиско оружје.

Како резултат на оваа програма во 90-те години од минатиот век беа ликвидиран или деактивирани 7.600 нуклеарни боеви глави, 900 меѓуконтинентални балистички ракети и ист број на ракети земја-воздух, речиси 700 подморнички ракети и 33 нуклеарни подморници. Програмата овозможи Казахстан, Украина и Белорусија да се ослободат од нуклеарното и хемиското оружје наследено од советскиот период.

Во чест на сенаторот Лугар во 2013 година во Тбилиси, Грузија, беше отворен Центар за истражување во јавното здравје.

Лугар ја изгуби битката за седми мандат во Сенатот во примарните избори во 2012 година, по нападите врз него за соработка со демократите и пријателството со поранешниот претседател на САД, Барак Обама.

Во 1996 година тој се кандидираше за претседател на САД, со фокус на заканите од тероризмот. Неколку години подоцна на 11 септември 2001 година се случија терористичките напади.

Би можело да ве интересира

Трамп освои 301 електорски глас, се очекува да победи и во Невада

Камала Харис го призна поразот

Предраг Петровиќ

САД се погласно најавуваат распоредување на THAAD системот во Израел

Русија и Иран формираат сојуз, Америка е загрижена

Маж се самозапали за време на протест

Предраг Петровиќ

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин