А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Штип се истражуваат два случаја на кршење работнички права

by А1он29/04/2019 - 16:05315
Share0

Два случаја на кршење на работничките права се пријавени и се следат од страна на Здружението „Гласен Текстилец“-Штип. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип вели дека во првиот случај се следат отказите на 50 работнички, кои биле пред пензионирање, а потпишувале договори за работа на еден или три месеци со работодавачот.

Добивај вести на вибер

-Случајот беше пријавен во државниот инспекторат за труд, дел од нив ќе си ја бараат правдата преку суд, ги препративме кај нашите правни тимови. Не е нешто комплицирано, но тие жени се пред пензија и заслужуваат да земат отпремнина. Исто така, имаме и уште една фирма во Штип, којашто по се изгледа се спрема за ликвидација, има 40 вработени. Имаше и некоја урамниловка на платите, без исплатени додатоци на плата, вели Ампева.

Таа истакна дека состојбата во оваа фирма се следи и им е страв дека ќе се затвори и да посегнат по судска постапка, бидејќи работниците ќе имаат победа само на хартија, а не можат да се исплатат платите, како што беше случајот со „Веибо“ и „Кадоро“ во Крива Паланка. Ампева забележува дека од страна на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска добиле најава дека новиот Закон за работни односи ќе се отвори во мај, односно по претседателските избори.

-Беше ветено дека додека сите партнери не се усогласат, законот нема да биде изгласан, нема да биде пуштен во постапка, а ние ќе го очекуваме тоа. Меѓутоа остануваат овие проблеми и се надевам дека со новиот закон ќе бидат решени, за да имаме помалку штета на терен, рече Ампева.

Прашана каде најмногу се кршат работничките права, Ампева децидно укажува дека тоа се случува во целиот приватен сектор, од супер маркети, па се до текстилните и кожарските фабрики. Таа како претставник на Здружението „Гласен Текстилец“ од 2 до 5 мај ќе присуствува на меѓународната конференција во Атина, Грција, каде што ќе зборува за состојбата со работничките права на Балканот.

pravarabotnici

Би можело да ве интересира

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ31/01/2026 - 14:2231/01/2026 - 14:23

ЕУ со најголема побарувачка за кадар во продажба, маркетинг и производство

Горан Наумовски19/12/2025 - 11:37

Грчкиот парламент денес гласа за воведување на 13-часовен работен ден

Горан Наумовски15/10/2025 - 07:1415/10/2025 - 07:27

САД воведуваат такса од 100.000 долари за визи за квалификувани работници

Горан Наумовски20/09/2025 - 12:03

Тежок кран згмечи тројца работници во тунел, полицијата се сомнева во технички дефект

Горан Наумовски31/07/2025 - 13:14

Тревога во Берлин: Губиме на сите фронтови

Горан Наумовски15/07/2025 - 21:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен