Исходот од преговорите меѓу владата на британската премиерка Тереза Меј и опозициската Лабуристичка партија, што би овозможил излез од ќор-сокакот за дебатата за напуштањето на ЕУ, би можел да бидат познат следната недела, изјави денеска главниот преговарач на Европската унија, Мишел Барние.
-Оваа недела ќе биде многу важна. Ќе бидат познати резултатите од преговорите меѓу Лабуристичката партија и Владата на Тереза Меј, изјави Мишел Барние.
Портпаролката на Лабуристичката партија претходно изјави дека разговорите биле продуктивни, но дека владата мора да помести некои од своите ограничувања.
Барние верува дека преговорите меѓу Лабуристичката партија и британската влада не го доведуваат во прашање договорот за напуштање на ЕУ, за кој претходно беше постигнат договор помеѓу блокот и британската влада.
-Двете страни се согласија дека договорот што го имаме е е единствено можен. Договорот што го постигнавме е конечен и за него не може да се преговара, рече тој.
Запрашан од новинарите дали Велика Британија на крајот од мај ќе учествува на претстојните избори за ЕУ-парламентот, Барние одговори позитивно, ако пред изборите не е постигнат некаков договор.