(ВИДЕО) Абази: Во вториот круг ќе оставиме граѓаните да гласаат по сопствено убедување

Од:

Алијанса за Албанците нема да го повика своето гласачко тело да гласа за некој од двајцата кандидати за претседател во вториот круг на претседателските избори.

Потпретседателката на партијата, Бујаре Абази вели дека ќе им остават на граѓаните да одлучат по сопствено убедување.

„Нашиот претседател, господинот Зијадин Села беше многу дециден – им остави на слободна волја на граѓаните, како што е секаде во демократските општества, секој граѓанин да одлучи по сопствено убедување.

Тој исто така кажа дека ние, како сериозна партија, ќе имаме состанок на централното претседателство на кој што ќе се дискутира за изборите. Независниот кандидат што го поддржа Алијанса за Албанците го заврши кругот на 21 април, сега останува за вториот круг граѓаните само да решат“, рече потпретседателка Абази.

По првиот круг на изборите и самиот кандидат кој што го поддржа Алијанса за Албанците, Блерим Река, рече дека нема да тргува со гласовите што ги добил во првиот круг и нема да повика неговото гласачко тело да ги даде гласовите на ниту еден од двајцата кандидати.

Блерим Река во првиот круг на шестите претседателски избори освои 79.921 глас. Во вториот круг одат Гордана Сиљановска – Давкова, како независна кандидатка поддржана од ВМРО – ДПМНЕ, која освои 319.225 гласови и Стево Пендароски, независен кандидат поддржан од СДСМ за кого во првиот круг гласаа 323.714 граѓани.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ