Хотелиерите и угостителите очекуваат одлична посетеност на Охрид за велигденските и првомајските празници

Од:

Доколку послужат временските прилики, исполнети се сите предуслови за одлична посетеност на Охрид за престојните празници. Ништо невообичаено кога се работи за Велигден, оттаму што традиционално за тој празник нашето најпознато туристичко место секогаш бележело одлична посетеност со верници од земјата и странство, но овојпат празникот е блиску со провомајските празници така реални се изгледите и за рекордна посетеност.

Продолженииот викенд со неколку неработни денови веќе го наполни градот, а првиот индикатор за одличната посетеност се паркиралиштата низ градот, каде се бара место повеќе дури и на оние места предвидени за паркирање што се подалеку од централното градско подрачје.

И информациите за резервациите во сместувачките капацитети укажуваат дека речиси сите хотели и објекти за сместување за празниците ќе бидат речиси полни. Тоа го потврдуваат и од Асоцијацијата на хотелиери (ХОТАМ) од каде се укажува на исполнетост на објектите некаде до 90 отсто од капацитетите.

Најмногубројни гости во Охрид секако ќе бидат домашните и оние од државите на соседството, но ќе има и гости кои доаѓаат во Охрид преку кружните тури низ овој дел на Балканот.

Инаку, првомајските празници стандардно се сметаат и како вовед во главната летна туристичка сезона, со доаѓањето на првите организирани групи странски туристи кои доаѓаат во Охрид во претсезоната.

Од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, исто така со очекувања за голем број гости на охридско-струшката ривиера, преку веќе воспоставените тури од Турција, Грција, Бугарија, Албанија, Косово.

Како што изјави за МИА Љупчо Јаневски, директорот на Агенцијата, она што е карактеристично за изминатиот период е присуството на поголем број туристи од Малезија во Македонија преку т.н. балкански тури, што значи дека македонската туристичка понуда веќе е присутна и на азискиот пазар.

-Оваа година Агенцијата ја почна со поинтензивна кампања, преку поиновативен пристап за презентација за нашата понуда во Турција. Предвидено е од 1 мај такви промоции да се спроведат уште во 13 други земји потенцијални туристички пазари, изјави Јаневски.

Тој додаде дека и нововоспоставените нискобуџетни авио летови до Охридскиот аеродром даваат резултати, преку забележаното присуство на туристи од Италија, Германија, Австрија.

Инаку, во насока на привлекување уште поголем број туристи во Охрид, во периодот од 9 до 12 мај во соработка со „Кроација ерлајнс“ ќе биде организирана најголемата инфо-тура, преку која во Охрид и Македонија ќе пристигнат триесеттина тур-оператори и медиуми од Хрватска, кои во рамки на посетата ќе остварат бизнис средби со македонските туристички субјекти, додека за медиумите е организирано кружно патување низ туристичките атракции во земјата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on