На кардиналите забрането користење на Твитер за време на изборот на папа

Од:

На кардиналите нема да им биде дозволено користење на Твитер за време на конклавата – состанокот во Сикстинската капела на кој ќе биде избран наследник на Бенедикт Шеснаесетти.

Познато е дека правилата за време на конклавата се многу строги и дека од тој момент кога кардиналите ќе влезат не смеат да имаат контакт со надворешниот свет.

Во овие правила сега се вклучени и социјалните мрежи, кои кардиналите нема да смеат да ги користат.

Од 117 кандидати само деветмина од нив се активини корисници на Твитер, како Италијанецот Ангел Скол и Американецот Тимоти Долан.

Папата Бенедикт Шеснаесетти го шокираше светот кога минатата седмица објави дека ја напушта функцијата на 28 февруари.

Датумот на конклавата се уште не е објавен, а се очекува дека новиот папа ќе биде избран до католичкиот Велигден на 31 март.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска