ОН: Провладините сили убија повеќе цивили во Авганистан отколку талибанците

Од:

Првпат во Авганистан американските и авганистанските сили убија повеќе цивили отколку талибанците или други бунтовнички групи се наведува во извештајот на Обединети нации.

Во првите три месеци од годинава, меѓународните и провладини сили се одговорни за смртта на 305 цивили, додека талибанците и другите бунтовнички групи егзекутираа 227 цивили, се посочува во извештајот на Мисијата на ОН во Авганистан. (УНАМА).

Најголем број цивили настрадале во воздушните напади или во извидувачките мисии на теренот, што главно ги извршуваат авганистанските сили.

ОН побараа од авганистанските безбедносни сили и меѓународните воени сили да спроведат истрага за цивилните жртви, да ги објават резултатите, како и да ги обесштетат жртвите на соодветен начин.

ОН почнаа да водат статистика за цивилните жртви во 2009 година, кога се влоши безбедносната ситуација во Авганистан.

Во првиот квартл од годината, според ОН вкупно 1.773 цивили се убиени или повредени, што е значителен пад во однос на истиот период минатата година кога 2.305 цивили се убиени или повредени. Минатата година голем број луѓе загинаа во самоубиствени напади на бунтовниците.

Во 2018 година во Авганистан загинале 3.804 цивили, што е рекорден број на жртви.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан