Техничкиот директор на Хонда, Тојохару Танабе потврди дека болидите на Ред Бул и Торо Росо во Формула 1 за Големата награда на Азербејџан ќе добијат нови мотори.
– Четвртата трка од сезоната претстојниот викенд ќе се одржи на најбрзата улична рута во календарот. Клучните карактеристики на трасата во Баку се многу долги сегменти, повеќе од два километри и многу се врти во 90 степени. За да се постигне ефикасна работа на сите системи на машината ќе го користиме искуството од минатата година, изјави Танабе.
Овој викенд ќе ја ставиме во погон втората верзија на моторот со внатрешно согорување на сите четири автомобили во двата тима. Една од причините за ваков потег е истрагата за неуспехот на болидот на Даниел Квјат во Кина која покажа проблеми со контролата на квалитетот. Втората верзија на моторот со внатрешно согорување е одличен ресурс, дава подобра сигурност и мало зголемување на моќноста, додаде директорот на Хонда.
Така, Макс Верстапен и Пјер Гасли во своите болиди ќе го добијат вториот мотор оваа сезона, а Даниел Квјат и Александар Албон веќе третиот. Следната замена на која било компонента на машините ќе резултира со казнени места на стартните позиции.