Група пирати киднапираа шест странски морнари, откако упаднале во брод во близина на нигериската област богата со нафта, соопштија безбедносни извори.
Киднапирани се еден руски, три украински и двајца морнари од Индија, во напад на бродот “Armada Tuah”, кој се случи на оддалеченост од околу 40 километри од државата Бајелса, познатиот нигериски нафтен реон, пренесе Ројтерс.
Ова, ако биде потврдено, ќе биде трето киднапирање за 10 дена во близина на брегот во оваа област.
Во одделен напад во неделата, група на крадци во дрвен чамец упаднаа на брод закотвен во пристаништето Лагос и ограбија продавници на бродот пред да избегаат.