Пред шест години, стриптизетата Саманта Барбаш (46) ги тужеше креаторите на филмот “Волкот од Волт Стрит”, а сега на ред дојде латино дивата Џенифер Лопез.
Пред неколку дена Џеј Ло сподели фотографија на Инстаграм на која носи само минијатурен розев костим за капење.
Со оваа фотографија, таа ја објави промоцијтаа на новиот филм “Hustlers”, кој ги следи животите на поранешни стриптизети кои одлучија да ги ограбат своите клиенти од Вол Стрит.
Тоа навистина се случило пред неколку години, а Саманта била осудена на пет години затвор за ова злодело. Таа верува дека таа има право на дел од приходот, пишува Њујорк пост.
Саманта, всушност, бара компензација од креаторите на овој филм, но и од Џеј Ло.
“Ако сака да заработи со мојата приказна, тогаш исто така треба да признае дека ова е мојата приказна и заслужувам некаква компензација. Ќе го прекинеме снимањето”, изјави Саманта за Њујорк пост.
Порталот наведува дека Саманта била на чело на “бандата”, и дека таа и нејзините пријателки ги дрогирале мажите а потоа им ги “чистеле” сметките.
На мета им биле женети мажи, кои се плашеле да ја признаат вистината пред своите сопруги.