(Видео) Николоски го наклеветил Вице Заев, но нема да му плати 30 илјади денари отштета

Од:

Судијката од Основниот суд Скопје 2, Кети Германова заедно со двајца судии поротници, донесе пресуда со која утврди дека потпретсесателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски го наклеветил братот на премиерот Зоран Заев, во телефонска изјава, со тврдењето дека Вице Заев и неговото семејство ги добиваат сите главни бизниси во државата.

Судот утврди клевета само во еден дел од изјавата, но не досуди надомест на штета од 30 илјади денари. Тужбеното барање за надомест на штета врз основа на повреденото право за нарушени чест и углед е одбиено.

Судењето траеше три рочишта, при што, Вице Заев пред судот рече дека му се нарушени честа и угледот со изјавата на Николоски. Тој, пак, тврдеше дека братот на премиерот е јавна личност, и како таква е подложен на критика дадена од потпретседателот на најголемата опозициска партија во државата.

Тужениот Александар Николоски по изрекувањето на пресудата, рече дека е делумно задоволен. Тој кажа дека судот балансирал за Вице Заев да го зачува образот и најави дека пресудата ќе ја обжали пред Апелацискиот суд. На судењето не се појавија ниту Вице Заев, ниту неговиот адвокат.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски