Новата амбасадорка на Црна Гора ги предаде акредитивните писма на Димитров

Од:

Шефот на дипломатијата Никола Димитров го прими новиот амбасадор на Црна Гора, Марија Петровиќ, која ги предаде копиите на акредитивните писма за нејзиното именување за вонреден и ополномоштен амбасадор на Црна Гора во Република Северна Македонија.

Како што соопшти МНР, соговорниците разменија мислења за најважните области на билатералната соработка. Заемно беа потврдени пријателските односи помеѓу двете земји, а се разговараше и за можностите за нивно унапредување, особено во доменот на економијата и инфраструктурната поврзаност.

Димитров изрази благодарност за силната поддршка од Црна Гора за полноправното членство на нашата држава во ЕУ и НАТО, како и за брзата ратификација на пристапниот протокол за членство во Северно-атлантскиот сојуз. Притоа, нагласи дека Северна Македонија очекува валоризација на постигнатите успеси, констатирајќи дека следните месеци се клучни, во контекст на обата интеграциски процеси.

Според амбасадорката Петровиќ, членството на земјава во НАТО и ЕУ останува високо на политичката агенда на Црна Гора.

– Се надеваме дека европскиот пат на Северна Македонија, ќе биде исто така успешен како и нејзиниот евро-атлантски пат, изјави таа.

Димитров ѝ посака добредојде и успешна дипломатска мисија во Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија