Туристичка тура ги покажува местата низ Атина поврзани со кризата

Од:

Американска туристичка агенција организира посета на избрани објекти во Атина, поврзани со кризата, соопштува грчкиот туристички сајт „Травел дејли њуз“.

Турата трае три часа и е наречена „Обиколка на грчката криза“.

Организатор е една од најсериозните компании во овој сектор „Контекс травел“.

На Интернет страницата на „Контекс травел“ се посочува дека цената на турата за едно лице изнесува 70 евра.

Обиколката почнува од плоштадот„Синтагма“ пред парламентот, потоа се насочува кон местата на демонстрациите и другите објекти во центарот, споменувани од светските медиуми. На туристичките групи им се даваат информации за политичката ситуација и економската криза, што ги преживува Грција, дејствијата на Грците, демонстрациите, банкротот на грчката економија и појавата на „Златна зора“.

Целта на турата е подобро да се сфатат причините и последиците од кризата.

Обиколката завршува во објект каде туристите добиваат предлог да се напијат грчко вино.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

Грција ги затвори училиштата и стави клуч на Акропол поради екстремните температури

A1on

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Грчки дипломатски извори: Македонија имаше доволно време за замена на пасошите, нема барање за продолжување на рокот

Маж убиен со повеќе од 10 куршуми среде ноќ во Атина

Во Атина: Го убил помалиот брат по расправија за облека