Струшките занаетчии ослободени од комунална такса

Од:

[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]Занаетчиите од струшките рурални средини, особено дефицитарните, нема да наплаќаат комунална такса, соопшти Општината Струга. Одлуката во која е прецизирано кои занаети се ослободуваат од одредени плаќања е стимулативна мерка за заживување на занаетите.

„Се работи за стари занаети во изумирање, а тоа се ковачите, грнчарите, лимарите, казанџиите, ракотворбите, јорганџиите, опинчари и саатчии. Независно каде работат, во Струга или во кое било друго населено место во општината, овие занимања се утврдени во групата на дефицитарни занаети и се ослободуваат од плаќање на комунална такса“ објасни секретарот на Општина Струга, Зоран Гулицоски.

Во одлуката се опфатени и пасивните места во општината како селата Јабланица, Модрич, Дренок, Луково, Нерези, Пискупштина, Биџево, Присовјани, Збажди, Поум, Богојци, Локов, Буринец, Селци, Мали Влај, Горна Белица, Мислодежда и Ржаново.

Занаетчиите велат дека мерките се добродојдени, но објаснуваат оти им е намален обемот на работа, а од друга страна и младите не покажуваат интерес да ги продолжат занаетите.

„Во изумирање се занаетите бидејќи никој не доаѓа да побара да учи, да ги продолжи. Мене ми помага синот, но досега никој не побарал да учи занает“, велат занаетчиите.

Одлуката била донесена уште пред две години, но на барање на Владата на Република Македонија преку Советот на Општина Струга со неа точно се утврдени и таканаречените пасивни места и дефицитарни занаети, а е предвидено и ослободување од надоместокот за електрична енергија во местата каде што нема улично осветлување.

Би можело да ве интересира

Почнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“ I

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ