Русија размислува за изградба на нови подморници

Од:

Руското Министерство за одбрана ќе го разгледува планот за изградба на две нови нуклеарни подморници од класата „Бореј“, изјави неименуван извори за ТАСС.

-Министерството размислува за изградба на уште две подморници „Бореј“, кои ќе бидат опремени со крстосувачки ракети со долг дострел наместо со балистички ракети. Доколку се донесе одлука, подморниците ќе бидат изградени во рамките на новиот проект Бореј-К и ќе бидат во функција по 2027 година, рече изворот запознаен со ситуацијата.

Нуклеарните подморници од класата „Бореј“ треба да ги заменат подморниците класа „Делта III”, „Делта IV” и „Тајфун” во руската морнарица.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски