Бичиклиски: Црвенковски толерираше криминал

Од:

СДСМ и Бранко Црвенковски во приватизацијата која ја спроведоа, создаваа и толерираа криминал.

Класичен пример е Бајруш Сејдиу од Куманово, кој својата империја ја изгради со криминалот кој го правеше додека СДСМ беше на власт. Овој човек 15 години бил вмешан во секој поголем криминал кој се правел во Куманово. Ниту еднаш не беше чепнат од органите на државата. Требаше да дојдат нови политички гарнитури, свежи сили за да се санкционира криминалот на Бајруш“, рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.

Според него, СДСМ не се спротивставила на „шерифското однесување на Бајруш во Куманово“, а оваа власт спровела детална истрага по што е осуден на 12 години затвор за организиран криминал, перење пари, насилство.

„Денес кога Бранко Црвенковски ќе отиде во Куманово нека им објасни зошто го толерираше криминалот на Бајруш Сејдиу? Зошто овој човек беше заштитуван и која беше користа на СДСМ од овој човек?

Бранко Црвенковки и СДСМ не само што затвораа фабрики и отпуштаа луѓе од работа, не само што незнаат да одговорат каде се трошеа парите во нивно време, не само што ги бркаа странските инвеститори туку очигледно е дека толерирле криминал. Е зошто било така, Црвенковски треба да им каже на кумановчани“, рече Бичиклиски.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра