Во Дебар и Центар Жупа денеска ќе гласаат 34 болни и изнемоштени лица

Од:

Во општините Дебар и Центар Жупа своето право на глас денеска ќе го остварат 34 болни и изнемоштени лица.

Според претседателката на Општинската изборна комисија, Елмира Бакали, во Дебар ќе гласаат 33 лица.

-Дебрани со право на глас освен за претседател на државата ќе гласаат и за нов градоначалник. Утре ќе се гласа на 27 избирачки места, од нив 22 во градот, две во село Могорче и по едно во селата Џепиште, Горно и Долно Косоврасти. Во единствениот избрачки список се 18.625 лица со право на глас, изјави Бакали.

Во општина Центар Жупа, во својот дом денеска ќе гласа само едно лице.

Утре во оваа општина ќе се гласа на 16 избирачки места, од нив шест од избирачките места се во Центар Жупа, додека другите во селските населените места, а правото на глас треба да го остварат 6.951 лице.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“