Надица се логираше со други имиња за да види што другите гледаат во системот, сведочеше Звонко Костовски

Од:

Обвинетата началничка во МВР, Надица Николиќ, на денешното судење за масовното прислушување познато под кодното име „Таргет-Тврдина“ го испрашуваше инженерот Звонко Костовски.

Во одговор на нејзиното прашање, сведокот Звонко Костовски рече дека обвинетата началничка влегувала во системот со други имиња за да види што другите корисници гледаат во системот.

„Началничката Надица се логираше со други кориснички имиња за да види што другите корисници гледаат во системот“, рече Костовски пред судот.

Во појаснување рече дека кога настанала хаварија со телефоните, и’ дал список на Николиќ со кориснички имиња за да може да се направат проверки, но тоа било само еднаш.

Во предметот „Таргет-Тврдина“ обвинети се ексначалникот на петтата управа во МВР, Горан Грујевски, и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и тогашниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.

Според обвинителниот акт на СЈО, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Повторената постапка за „Таргет-Тврдина“ одложена за утре

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски