А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Презентирани владините мерки за самовработување за 2013 година во Прилеп

by А1он19/02/2013 - 15:2519/02/2013 - 15:30112
Share0

Влатко Поповски директор на Агенцијата за вработување денеска во Прилеп ги промовираше новите владини мерки и програми од оперативниот план за 2013 година за самовработување со неповратни средства односно грантови за поттикнвуање на процесот на самовработување.

Добивај вести на вибер

Пасивните и активните барачи на работа, истакна Поповски, нема да изгубат ниту едно социјално право зошто тоа е поврзано со приходите што се остваруваат, а не со статусот „невработен“.

Раководителката на центарот за вработување од Прилеп Силвана Пашоска информира дека заврши првиот циклус за оваа година за самовработување со грантови за кој аплицирале 280 лица. Пополнетите прашалници, подвлече, подоцна ќе бидат обработени и селектирани за да се изберат најдобрите и најуспешните бизнис идеи.

Агенцијата за вработување договорот со фирмите го потпишува на четири години, но нејзината интенција е да се изберат бизниси кои ќе бидат одржливи и кои ќе продожат успешно да функционираат и после тој четиригодишен период.

Градоначалникот Марјан Ристески истакна дека Општина Прилеп ги поддржува проектите на Агенцијата за вработување на Република Македонија, воспоставувајќи соработка од една страна со Агенцијата како понудувач на услигите, а од друга страна со работодавачите, како би се вклучиле што повеќе лица.

prilep

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски17/06/2025 - 11:1817/06/2025 - 11:22

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ07/06/2025 - 09:5907/06/2025 - 11:09

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Горан Наумовски29/05/2025 - 13:46

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Горан Наумовски03/05/2025 - 17:58

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Горан Наумовски21/04/2025 - 18:49

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Катерина Ѓуровски15/04/2025 - 12:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен