„Другата страна на политиката“ ја објави поканата за интервју со Пендаровски

Од:

Фејсбук страницата „Другата страна на политиката“ објави принт скрин од поканите кои преку „фејсбук“ биле испратени до тројцата претседателски кандидати. Оттаму ги демантираат тврдењата дека Пендаровски не бил поканет.

„Уште еднаш сакаме да го истакнеме нашиот концепт надвор од класичната политичка кампања, односно нашиот неутрален пристап при претставувањето на другата страна на политиката. Во таа насока се оградуваме од сите политички контексти и поврзување со политички субјекти. Воедно, како одговор на одредени обвинувања на наша сметка, во прилог ги приложуваме поканите за интервју упатени до сите претседателски кандидати“, пишува на „Фејсбук“.

Претходно, на „Фејсбук“ беше објавено кратко видео интервју од двајцата претседателски кандидати Гордана Сиљановска Давкова и Блерим Река каде говорат за приватниот живот. За видеото се пофали Сиљановска на својот „Фејсбук“ профил, а од штабот на Река демантираа дека тие го нарачале видеото и дека двјцата кандидати го снимиле заедно. Од штабот на Пендаровски негираа дека добиле покана, а и самиот тој на Твитер напиша дека до него не стигнала покана за снимање на видео.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука