Претставник на ватиканската канцеларија за односи со јавноста демантираше дека папата Бенедикт Шестнаесетти ќе прима месечна пензија од 2.500 евра, како другите бискупи, кои поради старост се повлекле од должност.
Иако секој папа истовремено е и бискуп на Рим, овој случај е единствен, бидејќи станува збор за преседан, со оглед на тоа што Јозеф Рајцингер не се повлече како бискуп, туку како папа.
Во соопштението на канцеларијата се наведува дека Ватикан во секој случај ќе се погрижи околу издржувањето на кардиналот Рајцингер, а претстои да се разгледа начинот на кој тоа ќе биде направено, бидејќи ова е прв ваков случај.
Персоналот на папата, кој официјално се повлекува на 28 февруари, а пред се четирите жени кои работеа во апостолската палата, не се загрозени, бидејќи тие имаат постојано вработување во Ватикан.