ŠKODA KODIAQ, OCTAVIA SCOUT и SUPERB – Најдобри возила со погон на сите тркала

Од:

Трикратен успех за ŠKODA во овогодинешниот избор за најдобри автомобили со погон на сите тркала. Читателите на германското списание за автомобили Auto Bild Allrad доделија повеќекратни награди на ŠKODA, со што ја продолжија серијата на значителни успеси за чешкиот бренд. ŠKODA SUPERB 4×4 по десетти пат ги освојува многу посакуваните ловорики, оваа година како најдобро возило во категоријата „Патнички автомобил со погон на сите тркала“.

OCTAVIA SCOUT победи во категоријата „Кросовер со погон на сите тркала“, со што се закити со својата петта награда за „Автомобил на годината со погон на сите тркала“.

KODIAQ 4×4 го зазема првото место во категоријата „Најдобро теренски и SUV возило”. Ова претставува повторување на достигнувањето на KODIAQ од 2017 година, кога читателите на најчитаното списаније за автомобили во Европа ја доделија титулата на овој SUV од ŠKODA во неговата дебитантската година.

Оваа година се одбележува 18-тиот избор за „Автомобили со погон на сите тркала“ од страна на читателите на магазинот Auto Bild. Севкупно, 211 модели на возила низ десет категории влегоа во конкуренција за наградите. Од 4 јануари до 1 февруари 2019 година, читателите на Auto Bild Allrad беа поканети да гласаат за своите омилени возила онлајн. Помеѓу наградените модели на чешкиот бренд, верзијата на 4×4 на SUPERB постигна најдобар индивидуален резултат помеѓу натпреварувачите освојувајќи 9,97 проценти од гласовите. 8.18% од читателите на магазинот гласаа за OCTAVIA SCOUT, додека KODIAQ 4×4 освои 7,80 отсто од гласовите.

Возачите кои преферираат возила со погон на сите тркала имаат долга историја со брендот ŠKODA. Чешката марка ги развила своите први прототипови на возила со повеќе од една погонска оска кон крајот на 1930-тите. Современиот и многу успешен систем на ŠKODA 4×4 ја започна својата приказна во 1999 година со OCTAVIA COMBI 4×4. Оттогаш, ŠKODA произведе повеќе од 700.000 возила со погон на сите тркала. Со оглед на постојано зголемување на побарувачката во оваа категорија на возила, ŠKODA постојано го проширува својот опсег на 4×4 возила во текот на последните четири години. Денес, KAROQ и KODIAQ, како и OCTAVIA и SUPERB се достапни со погон на сите тркала.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска