Група пирати упаднаа на брод во близина на нигериска област богата со нафта, соопшти Меѓународната поморска канцеларија ИМБ.
Нападот, според ИМБ, е случил во неделата на околу 55 милји од брегот кај нигериската нафтена област.
Според некои извештаи непознат број странци се киднапирани за време на нападот на бродот „Армада Туах“. Нигериската морнарица не сакаше да даде коментар во врска со нападот.
Овој напад, доколку биде потврден, би требало да биде третото киднапирање за десет дена во близина на брегот во таа област.
Во двоен напад во неделата групата разбојници во дрвен чамец, упаднале на брод вкотвен во пристаништето Лагос и ги ограбиле продавниците на бродот, се наведува во извештајот на ИМБ.