Трамп стави вето на резолуцијата за завршување на американското присуство во Јемен

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на резолуцијата, која Конгресот ја усвои, а кој предвидува САД да престанат да даваат воена помош на коалицијата предводена од Саудиска Арабија во војната во Јемен.

Трамп ја искористи својата моќ да ја блокира легислативата донесена од двата дома на Конгресот.

Сите демократи и неколку републиканци во двата дома на Конгресот претходно ја поддржаа резолуцијата, која се повикува на Законот за воени овластувања, да ги оддалечи САД од четиригодишниот конфликт во Јемен поради влошување на хуманитарната криза во таа земја, додека некои гласаа за неа, бидејќи така гледаат начин да се казни Саудиска Арбија поради убиството на новинарот Џамал Кашоги.

– Оваа резолуција е непотребен, опасен обид да се ослабнат моите уставни овластувања, загрозувајќи ги животите на американските граѓани и храбри членови на службата, како денес така и во иднина, рече Трамп, објаснувајќи ја својата одлука.

Тоа е второ вето на Трамп од кога стапи на должност.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија