Трејн е минималистичка резиденција сместена во Токио, дизајнирана од архитектонското студио „Аполо аркитектс енд асошиејтс“, за една брачна двојка, љубители на џез-музика.
Мажот порано бил џез-музичар, па сакал ентериерот да го содржи, пред сè, сензибилитетот на неговиот омилен џез-уметник Џон Колтрејн.
Зданието е подигнато на повеќе столови со влезен простор кој се наоѓа покрај паркингот. Главната спална соба е со поглед кон дворот, со што се овозможува обилен продор на светлина во просторијата.
Горниот кат се состои од трпезариски и кујнски простор кои потсетуваат на џез-бар, со места за седење за гостите и бифе со пијалоци на дофат.
Главниот дневен простор се одликува со двојна висина на плафонот, како и големи прозорци за максимизирање на природната светлина.