Конгресот побара „Дојче банк“ да сведочи за Трамп, демократите во исчекување на целосниот текст на извештајот на Малер

Од:

Американскиот Конгрес испрати покани до високи официјални личности од „Дојче банк“ да сведочат пред комитетите за финансии и разузнавање на Претставничкиот дом за финансиските работи на американскиот претседарел Доналд Трамп, јави „Ен-Пи-Ар“.

Со овој чекор демократите укажуваат дека продолжуваат со истрагата и откривањето на информации за можни криминални активности на Трамп и негови бизнис партнери. Според претставници на двата комитета, поканите за сведочење до „Дојче банк“, една од повеќето банки кои ги кредитираа бизнисите на Трамп, се со цел да се испита дали овие компании го искористиле финасискиот систем на САД во незаконски цели. Повеќе од компаниите што управуваа хотели и казина отидоа во банкрот, имаше обвинувања за измами и до сега затворениот приватен универзитет на Трамп.

-Тоа е сериозно и истраги (за бизнисите на актуелниот претседател) мора да има бидејќи комитетите имаат надлежност да вршат набљудување, изјави претставничката од демократите Максин Ватерс, претседател на Комитетот за финансии.

Поканите за сведочење до „Дојче банк“ беа испратени во предвечерјето на објавување на голем дел од извештајот на специјалнот обвинител Роберт Малер за врски на кампањата на Трамп со Русија.

Како што претходно најави државниот обвинител Вилијам Бар, Министерството за правда денеска треба да објави голем дел од извештајот кој Малер го достави до министерството пред речиси еден месец.

Тогаш, во скратената верзија на извештајот на само четири страници Бар посочи дека тимот на Малер не нашол докази дека Трамп или кој било друг од неговата кампања соработувале со Русија. Тој, исто така, посочи дека Малер не заклучил дека претседателот незаконски се мешал во истрагата, но, додаде дека сепак не е ослободен од вина.

Трамп во повеќе наврати потоа изјави дека е ослободен од одговорноста во врска со наводниот заговор со Русија. Демократите пак, сметаат дека Бар несодветно ги претставил заклучоците од истрагата и бараат обелоденување на целиот текст.

Би можело да ве интересира

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот