Граѓаните за Сарај се соочуваат со големи проблеми и неправди направени од СДСМ и Зоран Заев и покрај тоа што им ветувал решавање на нивните проблеми и живот за сите, истакна денеска МИцкоски, при посетата на општината.
Неправда е кога премиерот ни вели дека блескаме, а тука народот живее без достојни патишта, без решени инфраструктурни проблеми, без перспектива, истакна Мицкоски.
Тој посочи дека владата и министерот за земјоделие Љупчо Николовски не се грижат за земјоделците, нагласувајќи дека Николовски од позиција на министер шетајќи по белиот свет на државна сметка си купувал гардероба, додека земјоделците мака мачат со нивните проблеми за откуп на земјоделските
производи.
Денеска слушнав дека овој министерот за земјоделие, знаете овој кој што наместо да се грижи за земјоделците, единствена вест која што ја соопштува и споделува со граѓаните на Република Македонија е дека кога патувал на службените патувања се подновувал со некое скапо парче гардероба и најчесто купувал во Дубаи патики, не знам дали се сеќавате на тој господин, кажа Мицкоски.
Мицкоски додаде дека и покрај тоа што Николовски се фали дека ги исплатил субвенциите на земјоделците, таа исплата државата ја прави по редовна основа, односно како што рече тој Николовски тоа го направил бидејќи за три дена ќе се гласа за претседателските избори, што според него е само уште една потврда дека Николовски и Заев го потценуваат, понижуваат и омаловажуваат
земјоделецот и неговиот труд и мака.
Денеска слушнав дека конечно после месеци тактизирање ги исплатил практично субвенциите за земјоделците и добро е тоа што го направил, ако го направил затоа што тие луѓе конечно за својата мака, за својот пот, за својот труд добиле она кое што државата по редовна основа треба да им го исплати, а тоа се субвенциите.
Но, они повторно го потценија народот, повторно го навредија народот. Тактизираа со месеци, не исплаќаа и мислеа дека сега три дена пред да се случи гласањето на претседателските избори дека на тој начин практично ќе го поткупат народот. Повторно го потценија и повторно го навредија народот.
Добро е што им текнало ова да го направат, но, народот тоа што мисли ќе има каже на 21ви април и на 5ти мај. Јас сум сигурен дека на 21ви април земјоделците ќе му кажат едно големо збогум и на овој министер и на неговиот ментор Зоран Заев, објасни Мицкоски.
На крај Мицкоски порача дека овие избори не се само претседателски избори туку се избори каде што се одлучува за иднината на Македонија и за иднината на сите граѓани.
Мицкоски побара масовна поддршка и сплотување на народот се со цел конечно да се стави крај на сите уцени, насилства, понижувања и омаловажувања од страна на СДСМ, Заев и Пендаровски, додавајќи дека само со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова тоа може да престане и да се врати правото и правдината во Македонија.
Имаме избори кои се повеќе од претседателски, бидејќи на овие избори се решава за тоа каде се движиме како држава, и уште поважно како и со кои луѓе.
Изборите се шанса да се поразат оние личности кои се преставници на Заевизмот, негова копија, жестоки бранители на непринцитите и неправдата, заврши Мицкоски.