Почна исплатата на субвенциите за тутунот, денеска исплатени 27 милиони евра

Од:

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска исплати над 80 отсто од вкупно планираната сума за субвенции за тутунот од реколтата 2018-та. На сметките на 26.776 тутунопроизводители денеска се исплатија над 27 милиони евра. Во моментов уште една компанија откупувач на тутун нема доставено списоци до Платежната агенција, затоа исплатата за тие тутунопроизводители ќе се реализира во следните неколку дена.

Исплатата на субвенциите за тутунот, како што информираат од МЗШВ, се реализира на еден месец пред почетокот на новата производствена реколта за 2019-та и овие пари тутунарите ќе можат да ги реинвестираат во новото производство на тутун.

-Започнувајќи од реколтата 2017-та Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство (МЗШВ) воведе нов начин на зголемено субвенционирање за тутунот во три нивоа. Согласно овие промени, субвенцијата за прва класа тутун изнесува 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа и дополнителните класи, потсетуваат од МЗШВ.

Во реколтата 2018-та се засеаја 14.802 хектари со тутун што е за 387 хектари повеќе од 2017та, а се склучија 34.104 договори или 4.700 договори повеќе отколку во 2017 година. Откупот на тутунот од реколтата 2018-та заврши навреме, во рамки на законскиот рок. Се откупија над 25,2 милиони килограми тутун по просечна откупна цена од 214,24 денари за килограм.

-Минатиот месец во Собранието помина новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, а измените предвидуваат укинување на евидентните листови или т.н. „бели картони“, процес кој ќе започне да се применува од 2020 година. Со оваа законска одредба значајно ќе се намалат административните процедури за тутунарите. Новите законски одредби ќе овозможат транспарентност во врска со содржината на договорите и други поволности за тутунарите, компаниите откупувачи и генерално за целиот сектор, велат од МЗШВ.

Новиот модел на зголемени субвенции, додаваат, високата просечна откупна цена што се постигна во 2017-та и 2018 година, како и новото законско решение, се дел од развојните политики на Владата и на МЗШВ, за развој на тутунопроизводството како стратешка извозна гранка која носи девизен прилив од колу 100 милиони евра.

Би можело да ве интересира

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал