Трамп: Илегалните имигранти ќе ги испратиме во „градови засолништа“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Твитер напиша дека неговиот предлог имигрантите да се испратат во така наречените „градови засолништа“ почнува да се реализира.

Трамп на Твитер напиша дека илегалните имигранти, кои според законот не можат повеќе да бидат држени во притвор, ќе бидат предадени на „градовите државни засолништа“.

Конгресот мора да ги „поправи“ законите и „дупките“ во законот.

Но, нејасно е што американското Министерство за внатрешна безбедност презема за да го спроведе спорниот план на Трамп.

Адвокатите претходно ја предупредија Белата куќа дека не може да се реализира идејата и оти претставува злоупотреба на средствата во ситуација кога Управата за миграција и царини на САД имаат проблем со финансиите.

Белата куќа претходно, следејќи го Трамп, соопшти дека испраќањето на имигранти без документи во „градовите засолништа“ во САД, што ги штити од депортација, останува можност.

Стотина градови во САД се прогласија за „засолништа“ за имигрантите кои илегално ја преминале јужната граница на САД со Мексико, одбивајќи да им помогнат на американските имиграциски власти да ги лоцираат имигрантите и да ги депортираат.

„Градовите засолништа“ во кои властите ја ограничуваат соработката со сојузните власти, кои ги гонат илегалните мигранти, најбројни се во областите каде демократите имаат мнозинство.

Би можело да ве интересира

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври