Цените во земјоделството во март 2019 година, во однос на тој месец лани, кај инпутот е зголемен за 2,1 отсто, а кај аутпутот се бележи зголемување од 1,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Во март 2019 година, во споредба со март 2018 година,цените на инпутот, односно тековно потрошени средства во земјоделството се зголемиле за 2,4 отсто, а индексот на цените на инпут 2, односно средства наменети за инвестиции во земјоделството се намалиле за 1,6 отсто.
Во делот аутпут, во март 2019 година, во споредба со март 2018 година, цените на растителното производство забележале раст од 1,5 отсто, а цените на добиточното производство изнесува се непроменети.