ОМД лобира во Брисел за прием на Македонија во ЕУ и НАТО и заштита на македонското малцинство во Грција

Од:

Претседателот на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), Мето Коловски, денеска во рамки на неговата дводневна посета на Брисел оствари бројни средби со високи претставници на НАТО и Европската унија со цел да лобира за прием на Република Македонија во овие две организации, јавува дописникот на МИА од европската престолнина.

Во организација на македонската Мисија при НАТО, Коловски денеска се сретна со Џонатан Прентис, политички претставник на Меѓународната кризна група (МКГ) и Искра Кирова, застапник и истражувачки аналитичар на ЕУ. Главната средба на Коловски беше со претставниците на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Александер Теркел, кој е задолжен за Македонија, како и со првиот човек на Директоратот за порширување на Европската комисија за досието Македонија, Дејвид Кулен.

– Посетата на делегацијата на ОМД со претставници од Грција, Германија и Холандија во Брисел е со цел остварување на средби со претставници на земјите-членки во НАТО и претставници на генералниот секретар Андерс Фог Расмусен, но и со ЕК и претставници на баронесата Кетрин Ештон, за поддршка на Македонија во однос на членство во НАТО и ЕУ. Ние сакаме да ги едуцираме овие претставници на евро-атлантските структури за прашањата со кои се соочуваат Македонците во земјите кои се членки на овие две органзиации, вели Коловски за МИА.

Според програмата, претседателот на ОМД во текот на утрешниот ден ќе има средби со високи претставници на Алијансата задолжени за заштита на човековите права и помошници на Расмусен за политика. Коловски ќе се сретне и со дипломати од мисиите на Канада, САД и Турција во НАТО, како и со директорот на Директоратот за интеграција, партнерство и соработка, д-р Јарослав Шкониечка.

– Сакаме на нашите соговорници да им дадеме до знаење дека Македонија не се соочува само со наметнатиот спор за името, туку причината поради која и мојата колешка Евгенија Нацулиду доаѓа од Воден, Грција е да се даде димензија на проблематика за човековите права на Македонците во егејскиот дел кај нашиот јужен сосед кои се соочуваат со дневни притисоци, проблеми и закани. Ние ќе потенцираме дека Македонија заслужува членство во Алијансата и датум за почеток на преговорите за членство во Унијата. Очекуваме дека нашите аргументи ќе бидат прифатени со цел потоа да се издејствува став изграден врз база и на македонските, а не само грчките аргументи, а кои се подлабоки од прашањето за името, потенцира Коловски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски