Копретседавачот на косовскиот преговарачки тим, Фатмир Љимај, рече дека Косово е подготвено да продолжи со дијалогот околу договорот за нормализирање на односите со Србија.
Косово е подготвено да продолжи со дијалог во секој момент, но тоа зависи од српската страна, рече Љимај за новинската агенција Косовапрес.
“Во моментов сметаме дека испративме порака до меѓународната заедница дека сме подготвени. Тие мора да работат со Србија за да ја подготват да седне на маса. Кога Србија ќе биде подготвена и ние сме подготвени. Тоаа не зависи само од нас, туку и од друга страна.”, додаде Љимај.
Тој рече дека посветеноста на Косово на прашањето на исчезнати лица за време на војната е главна тема во разговорите и вети дека нема да има конечен договор без откривање на судбината на исчезнатите и испитување на случаите за сексуално насилство за време на војната во Косово.
“Таквата национална тема како разговори со Србија во минатото се одвиваше без одговорност, без платформа, без идеи, без транспарентност, а резултатите се познати”, смета Љимај.
Според него, данокот како пречка за Србија за продолжување на дијалогот ќе биде укината кога ќе престанат причините поради кои се воведува.
“Затоа, единствениот начин за решавање на проблемите меѓу нашите две земји е сериозен дијалог кој ќе доведе до признавање на Косово од страна на Србија, и практично со признавањето на Косово сè ќе се реши”, заклучи Љимај.