Стотици полицајци во српското собрание за да спречат насилен упад

Од:

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ изјави дека полицијата се наоѓа во зградата на Собранието за да спречи некој да не влезе на сила и да ја запали зградата.

Како што кажа тој, полицијата во српското собрание е за да спречи некој да не украде од скапите слики или намештај, да ја осигура безбедноста како на пратениците така и на вработените во институцијата.

-Ако некој планирал упад во државните институции, како што беше случајот со РТС, тоа нема да може, порача Стефановиќ. Тој кажа дека полицијата на територијата на Србија не запрела ниту еден автобус ниту комбе кои превезуваа патници за протестот во Белград.

-Немојте да ширите лажни вести, порача тој.

Генералниот секретар на Народното Собрани на Србија, Срѓан Смилјаниќ потврди дека дал согласност за влез на полицијата во зградата на Собранието.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“