Вчера во Тетово, ненадејно почина амбасадорот Алајдин Демири, политички коментатор и член на новоформираното граѓанско здружение СОВЕТ НА АМБАСАДОРИ.
Алајдин Демири (роден 19.12.1954) , студирал социологија во Сараево (1973-1977) а потоа во Скопје (1977-1978) работел за ТВ станици како извесувач и коментатор и подоцна до 1988 како гимназиски професор по социологија во Тетово.
Студирал 1990-1995 француски јазик во Швајцарија, а потоа се вклучува во органите на Партијата за демократски просперитет. Во 1977 е избран за градоначалник на Тетово. Од 2000-2002 е амбасадор на Република Македонија во Швајцарија.