Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, за малку ќе ја запалеше Џенет Кагаме, првата дама на Руанда.
Инцидентот се случи на церемонија на одбележување 25-годишнина од геноцидот во оваа африканска држава.
На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа моментот кога Јункер, држејќи голем факел во рацете, нагло се врти без да види дека зад него стои токму сопругата на руандскиот претседател и ја допре со пламенот.
Избегната е несреќа, но Јункер стана предмет на исмевање на социјалните медиуми.
Западните медиуми потсетуваат дека Јункер е често мета на критики и многупати се поставува прашањето дали европскиот висок претставник има проблем со алкохолот.