Јапонскиот производител на автомобили „Нисан“ објави први фотографии од европската верзија на моделот „Ноут“, кој ќе биде официјално претставен идниот месец на Саемот во Женева.
Моделот „Ноут“ на јапонскиот пазар беше претставен во јули минатата година.
Основниот модел е придвижуван од 1,2 литарски бензински мотор со 80 коњски сили. Според фабричките податоци потрошувачката на гориво изнесува 4,7 литри со емисија на јаглерод диоксид од 109 грама на километар.
Достапен е уште еден 1,2 литарски бензински мотор со 98 коњски сили, чија потрошувачка треба да изеусва 4,3 литри на 100 километри.
Нисан Ноут, во понудата, има и 1,5 литарски турбодизел мотор со 90 коњски сили и потрошувачка од само 3,6 литри на 100 километри.