Мицкоски во Кривогаштани: СДСМ игра на картата на кратко помнење на народот

Од:

– Пристискаат, уценуваат, злоупотребуваат сега еве ги користат и медиумите за да создадат лажен впечаток, но една работа ја погрешија. Оваа работа се победува заедно со граѓаните, затоа што граѓаните нема да го заборават сето она што изминатитите две години, вие господо од СДСМ им го приредивте. Сите оние лаги, сите оние ветувања, сите оние нереализирани очекувања, очекувате дека народот овојпат ќе ви поверува, истакна денеска Мицкоски во Кривогаштани.

Тој рече дека СДСМ игра на картата на кратко помнење на народот, дека тие го забораваат и потценуваат народот и сето тоа ќе им се удри по глава на 21ви Април.

– На 21ви Април ќе ја видите онаа вистинската анкета којашто денеска ниту сте способни, ниту сакате да ја видите затоашто сте заслепени за пуста власт и за пусти пари. Тоа е она коешто вас денеска ве мотивира да го правите тоашто го правите, потенцираше тој.

Мицкоски од Кривогаштани порача дека најголемата коалиција не е онаа коалиција којашто беше направена во еден скап и луксузен скопски хотел кадешто на деспотски начин Заев одлучи дека Пендаровски ќе биде, туку вистинската коалиција е коалицијата со народот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски