Силјановска Давкова во Крушево и Прилеп, Пендаровски во Скопско, Река во Кичево

Од:

Претседателските кандидати и денеска на средби со граѓани, трибини и митинзи ја продолжуваат изборната кампања со претставување на нивните програми и концепти.

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова, ќе одржи митинзи во Крушево и Прилеп.

Карванот на коалицијата „Заедно напред“ на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски ќе биде на средби со граѓани на Зелениково, Петровец, Илинден, Арачиново и Гази Баба. Тој ќе учествува и на волонтерска акција во Музејот на град Скопје.

Претседателскиот кандидат Блерим Река, кој доби поддршка од БЕСА и Алијансата на Албанците, денеска ќе одржи митинг во Кичево.

Во досегашната кампања меѓу клучните теми на кандидатите изнесуваа свои ставови беа Договорот од Преспа, проблемот со миграцијата на младите, перспективите за членство на државата во НАТО и ЕУ, но и дневно политички теми.

Според најавата од изборните штабови, Силјановска Давкова ќе се претстави на централен митинг во Скопје претстојниот викенд на 13 април, а ден потоа, на 14 април, централен митинг ќе има и Пендаровски. Река ќе има завршна конвенција на 18-ти месецов.

Кампањата официјално почна на 1 април, а ќе трае до 19 април, по што следува 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето на 21 април.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно