(ВИДЕО) Спасовски од општина Велес: Гласот за Стево е глас за НАТО и ЕУ

Од:

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски вчера попладне беше во посета на село Оризари, Велес.

На средбите со граѓаните од ова населено место се разговараше за актуелната состојба во државата, престојните претседателски избори, важноста од членството во НАТО кое освен безбедност и стабилност носи и бројни економски придобивки за државата и граѓаните.

Спасовски пред граѓаните потенцираше дека навистина е особено горд и среќен што денес можеме да разговараме за позитивни работи и успеси како тоа дека до крајот на годината нашата држава ќе биде 30 земја членка на НАТО .

– Ја обезбедивме сигурноста ,стабилноста , ги гарантиравме територијалниот интегритет и границите на Македонија, а во јуни ќе ги отвориме преговорите за членство во ЕУ -рече Спасовски.

Тој истакна дека најважните прашања за државата се веќе затворени , прашања кои што можат да донесат бенефит и за државата и за граѓаните. А само со најавата и потпишувањето на протоколот за членство во НАТО, се чувствуваат позитивните резултати за сите нас.

-Направивме сериозен исчекор напред, веќе сериозно ја раздвиживме економијата . Многу е важно овој историски момент да се потврди и заеднички да го избереме Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија.Човек зад кој застанаа 31 политичка партија без разлика на национална , верска или политичка припадност. Тоа е затоа што сите заедно застанавме зад напредокот на државата и заедно одбравме човек кој е натпартиски, човек што може сите да не обедини, кој беше рамо до рамо во сите битки заедно со нас иако не припаѓаше на ниту една партија.Човек кој знае да ги цени сите луѓе кои живеат во нашата држава, без разлика дали се Македонци, Бошњаци , Албанци, Срби, Турци, Власи , Роми или Египѓани -заклучи Спасовски.

Потпретседателот на СДСМ, Спасовски ја заврши средбата со граѓаните од Оризари, со повик до граѓаните да го дадат својот глас за Стево Пендаровски, затоа што тоа е глас за човекот кој знае да не води на патот кон НАТО и ЕУ , вистински врховен командант, човек кој создава пријателства за државата. И затоа што на Република Северна Македонија и е потребен токму таков претседател, вистински претседател за сите граѓани на нашата држава.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно