Пенс за Венецуела: Сите опции се на маса

Од:

Американскиот потпретседател Мајк Пенс синоќа во Советот за безбедност на ОН рече дека администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп е решена, пред се, со дипломатски и економски притисок, повторно да воспостави владеење на демократијата во Венецуела, но додаде и дека „сите опции се уште се на маса“.

Тој ја повика Русија и другите, во врска со Венецуела, да стојат на страна.

Амбасадорот на Венецуела во ОН Самуел Монкада, Советот за безбедност го предупреди дека администрацијата на Трамп на неговата земја и се заканува со војна и оти „подготвува терен за инвазија“.

– Мораме да ја запреме оваа војна на Доналд Трамп, рече Монкада пред СБ на ОН.

Пенс побара од ОН да го признаат Гуаидо, и на амбасадорот Монкада да му се одземат акредитивите како претставник на, како што рече, „нелегитимната Влада на Мадуро“.

Гледајќи кон Монкада кој седеше на иста маса во СБ на ОН, Пенс рече:„Со сета почит, господине амбасадоре, не би требало да бидете тука“.

– Би требало да се вратите во Венецуела и да му пренесете на Николас Мадуро дека неговото време истече. Време му е да си замине, порача Пенс.

Тој потоа ја напушти салата, така што не можеше да го слушне обраќањето на Монкада.

– Мојот легитимитет зависи од легитимитетот на мојата Влада, која ја признаваат Обединетите Нации. Не зависи од изјави на потпретседателот на САД, рече амбасадорот на Венецуела.

На САД ќе им биде потребна силна поддршка од 193 членки на Генералното собрание на ОН за да се признае Гуаидо како ново легитимен претседател на Венецуела, со оглед на тоа што за сега само 54 членки го поддржуваат Гуаидо како привремен претседател.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак