Водечките партии во Непал постигнаа договор за формирање привремена влада, предводена од претседателот на Врховниот суд и организирање на избори во јуни.
Претставник на Обединетата комунистичка партија на Непал изјави дека договорот бил постигнат на средба доцна синоќа. За утре е предвидена нова средба, на која се очекува тоа да биде официјално потпишано.
Непал е без нормално функционална влада и парламент од мај минатата година.