Силјановска Давкова од Карпош: Фалбата на Заев за добиена награда за мир со Грција е всушност една голема пародија

Од:

Силјановска Давкова, вечерва пред жителите на Карпош потенцираше дека СДСМ и Заев имаат недржавнички ниту демократски однос во Македонија, односно како што рече таа во Македонија нема владеење на правото, односно со независно судство тоа не е можно.

Таа додаде дека многу набрзо Македонија ќе добие извештај од Европската Унија со интересна форма на чекање на почетокот на преговорите за влез во ЕУ.

Се прашувам уште колку години треба да се подготвуваме за почеток на преговори. Се разбира дека тоа е доказ за нивната неспособност да се справата со предизвиците на ова време, да ги решаваат проблемите на граѓаните, дека се отуѓиле од нив дека се осамиле од нив, вели Силјановска.

Според  Силјановска Давкова, фалбата на Заев за добиена награда за мир со Грција е всушност една голема пародија.

Се фалат со Нобелови награди за мир, а многу Нобелови награди за мир завршиле на право место, и мислам дека оваа Нобелова награда за мир мене ми мириса на пародија, смета таа.

Таа истакна дека нема правна држава и демократија без просперитетна и стабилна економија која што не е случај во Македонија, алудирајќи на изјавите на германските инвестиции кои изјави дека економијата во Македонија е еднаква на нула.

Нема правна држава, нема Копехагеншки критериуми, нема демократија без просперитетна економија, меѓутоа ги чувте ли странските претприемачи во Македонија, едни од најактивните германските кои рекоа нула. Ако е тоа успех тогаш не знам што е неуспех, праша Силјановска Давкова.

Според нејзе кога се вложува во Македонија инвеститорите сакаат стабилна економија а со тоа и сигурност на влогот.

Економијата не може да цвета во отсуство на правна држава. Луѓето кога вложуваат сакаат сигурност на влогот. Луѓето кога вложуваат сакаат законите да важат подеднакво за сите, луѓето кога вложуваат сакаат сигурност на добивката, меѓутоа корупцијата и криминалот царуваат кои во Македонија и не само што ја загрозуваат правната држава, туку и суверенитетот на Македонија, нагласи Силјановска Давкова.

Таа повика на масовно обединување и поддршка за неа на 21 април, нагласувајќи дека она од Македонија сака да направи пристојна и европска држава, се со цел конечно да владеат правото и правдините во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ да одговори кој ги нарача скандалозните помилувања на нарко-босови

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Левица: Без знаме и без гордост, Силјановска – пиун во бугарската игра со македонскиот идентитет

Мицкоски мандатар за состав на влада

Телефонски разговор на претседателката Сиљановска Давкова со украинскиот претседател Зеленски

Лосон на средба кај Сиљановска Давкова, упати порака за продлабочување на евроинтеграцијата и билатералните односи