Венецуела тврди дека САД подготвуваат инвазија

Од:

Амбасадорот на Венецуела во ОН Самуел Монкада денеска изјави дека американската влада ѝ се заканува на неговата земја со војна и „подготвува терен за инвазија”.

– Мораме да ја сопреме оваа војна на Доналд Трамп, изјави Монкада пред Советот за безбедност.

Според него, хуманитарната криза во Венецуела е „директен плод на планот за економско уништување, подготвен од САД и Велика Британија“.

Монкада рече дека целта е економијата на Венецуела да се задуши за да се предизвика „социјална имплозија, која можат да ја искористат како повод за воена интервенција”.

Тој тоа го нарече „незамислив нечовечки експеримент во неконвенционална војна”, додавајќи дека целта е да се увезе „марионетска влада” предводена од водачот на опозицијата Хуан Гуаидо.

Би можело да ве интересира

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ