А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за велешанец осомничен за компјутерска измама

by А1он10/04/2019 - 17:151052
Share0

Кривична пријава за компјутерска измама ќе биде поднесена против 35-годишниот Т.А. од Велес, кај кој при претрес е најдена опрема користена за нелегални активности.

Следете a1on на Instagram Instagram

Поради основани сомневања дека сторил кривично дело компјутерска измама, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР денеска извршил претреси на објекти во кои престојувал Т.А – на ул.„23 Октомври“ во Скопје и на ул.„Орце Мартинов“ во Велес.

-При претресите се пронајдени предмети што потекнуваат и се поврзани со кривичното дело, и тоа два GSM gateway-уреда, еден уред за поврзување на опремата, еден simbox-уред, 38 СИМ-картички и еден мобилен телефон од кој е вршена активација на картичките. Против Т.А. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство поради основано сомнение за сторено кривично дело компјутерска измама, соопшти МВР.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема дополнителни активности со цел да се утврди дали пронајдената опрема и СИМ-картичките биле користени и за други нелегални активности.

Следете a1on на Youtube YouTube
izmamakrivicna prijavaveles

Би можело да ве интересира

Стружанец доби кривична за даночно затајување – го оштети буџетот на државата за над 73.000 евра

А1он04/09/2026 - 11:39

Бугарин во Хрватска како лажен лекар мамеше постари жени – уапсен е

А1он27/08/2026 - 20:3827/08/2026 - 20:39

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски26/08/2026 - 14:0726/08/2026 - 14:08

Не пријавиле даноци и присвоиле стока: Финансиска полиција поднесе кривична за штета од 12,6 милиони денари

Горан Наумовски30/07/2026 - 10:52

Македонски државјанин е уапсен во Врање поради измама на жени

Горан Наумовски27/07/2026 - 15:20

Лажно ветувал странски пасош, уапсен e откако зел 9.000 евра од кумановка

Горан Наумовски24/07/2026 - 12:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео