УНЕСКО одлучи Мали да добие од меѓународната заедница помош од 10,7 милиони долари за обнова на културни објекти што се оштетени или уништени од акциите на радикалните исламисти.
Парите ќе бидат доделени пред се за обнова на културното наследство кое е уништено во конфликтот во африканската држава. На прво место се музеите во Тимбукту и гробницата на Аскија Велики во Гао. Друг приоритет се зачувување на ракописи во Тимбукту.
Предвидено е средствата да бидат искористени за долгорочни мерки за зачувување на културното наследство, со подготовки во областа на културологијата и засилување на работата на локалните општини и преземање поактивна борба со незаконска трговија со артефакти.