Поднесено обвинение против мајка за запуштање на своето дете

Од:

Скопското Јавно обвинителство пред Кривичниот суд поднесе обвинителен акт за мајката на 13-месечното бебе, кое во јули минатата година имаше скршеница на черепот, нагмечување на мозокот и скршеници на рацете и нозете.
За обвинетата, која се товари за кривично дело – запуштање и малтретирање дете, Обвинителството од Судот побарало покрај изрекување на казната и задолжително психијатриско лекување на слобода.

– Обвинетата, во состојба на битно намалена пресметливост, како родител на 13-месечно дете, во периодот од 15.06.2018 до 07.07.2018 година, со грубо запоставување на својата должност за родителска грижа, го запуштила детето и со тоа го довела во опасност неговиот живот. Во временскиот период додека таткото на детето се наоѓал на издржување казна затвор, таа детето повремено го оставала само, без родителска грижа и без да внимава на неговата сигурност и потреби. Како резултат на тоа, на 07.07.2018 година кај детето биле констатирани тешки телесни повреди изразени како скршеница на коските на черепот, крварење на тврдата мозочна обвивка, нагмечување на мозокот, скршеници на коските на двете нозе и на двете раце, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Од резултатите на наредените психијатриски вештачења врз сега обвинетото лице произлегло дека таа делото го сторила во состојба на битно намалена пресметливост, при која имала намалена способност да го разбере делото и намалена состојба да управува со своите постапки заради намалена моќ на расудување, сфаќање и одлучување, односно намалена способност за анализирање на своите постапки и за разбирање на суштината на своето дејствување.

Со оглед на тоа што постојат законски услови за изрекување мерка на безбедност во случај на битно намалена пресметливост, надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи, со изрекување на казната, на лицето да му изрече и мерка на безбедност – задолжително психијатриско лекување на слобода.

Би можело да ве интересира

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми и неговиот помошник Аки Саити

Приведени се двајца од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и природата со отпад

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрагата за 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава