УНФПА ќе претстави Извештај за состојбата на населението во светот 2019

Од:

Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации –УНФПА денеска ќе го објави Извештајот за состојбата на населението во светот 2019 кој е насловен „Недовршена работа – во потрага по права и избор ЗА СИТЕ”.

На настанот ќе говорат вршителот на должност помошник-претставник на Канцеларијата на УНФПА во држвава Афродита Шаља –Плавјанска, претседателот на Здружението на гинеколози и опстетричари и национален координатор за сексуално и репродуктивно здравје, Глигор Тофоски и програмската менаџерка во Здружението ХЕРА –Асоцијација на здравствена едукација и истражување, Весна Матевска.

Извештајот одбележува два важни настана во областа на репродуктивното здравје –50 години од основањето на УНФПА (UNFPA50) и 25 години од одржувањето на Меѓународната конференција за население и развој (ICPD25). – Со ова се поставија постулатите на целите на УНФПА, како што се севкупен пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје, вклучително и семејно планирање и методи на контрацепција, намалување на мајчина и новороденечка смртност, превенција и третман на сексуално преносливи инфекции, како и јакнење на улогата на жената и девојчињата во сите сфери на општеството, информира Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен предупредува: „Русија нè тестира“

Русија погоди воз непосредно откако по пругата поминаа поранешниот британски премиер и високи европски претставници

Предраг Петровиќ

Трамп: „Зеленски, престани“

(ВИДЕО) Марш кон Мариб: Армијата пред распад, паѓа ли градот?

Обединетото Кралство пред распад: Лидерите на Северна Ирска, Шкотска и Велс потпишуваат историски договор

Предраг Петровиќ

Погоден ирански танкер во Ормускиот теснец, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ